Прашање: 1. Сакам да го запишам предметот Метрички простори, но во описот пишува дека услов за запишување е Вовед во математичка анализа. Го немам положено тој предмет и ќе го презапишам, но ме интересира дали можам да го запишам и Метрички простори без тој услов. Ова ве прашувам бидејќи истото го пишуваше за Математичка анализа 1, дека услов за запишување е Вовед во математичка анализа, па го запишав без проблем.
2. Дали може да издејствувате да се прекинат тие зависности на еден со друг предмет бидејќи ќе се изгуби целата смисла и цел на ЕКТС, односно пак ќе се соочууваме со заглавување на студентите и тапкање во место поради таа условеност на предметите. (М.С.)
Одговор: 1. Не може да запишете Метрички простори без положен Вовед во математичка анализа. (Причитајте: Упис на семестар)
2. Сте запишале Математичка анализа 1 без проблем, зашто такви биле условите. (Види погоре.)
3. Не можам да издејствувам. Условеноста на предметите секаде ја има (во сите наставни планови и програми, во Македонија, во странство, на државни или на приватни универзитети).
Прашање: Дали запишаните во учебната 2008/2009 година преоѓаат на новите наставни програми во оваа учебна година? (Е.С.)
Одговор: Преоѓањето по нова програма за студентите кои првпат се запишале во учебната 2008/2009 година, нема да биде во оваа учебна година, туку во следната - 2015/2016.
Прашање: Колку најмногу кредити може да се запишат во еден семестар? (Е.С.)
Одговор: Најмногу можат да се запишат 35 кредити. Студентите коишто имаат просек над 8.5 можат да запишат најмногу 40 кредити. Вкупниот број на кредитите со завршувањето на студирањето (со дипломирањето) не смее да надминува 249 кредити.