УПИС НА СЕМЕСТАР
Студент чие образование го финансира државата, го задржува статусот студент чие образование го финансира државата најдолго за времето кое е за два пати подолго од пропишаното време на траење на студиите, односно до крајот на академската година во која тој рок истекува. Со истекот на тој рок, студентот ги продолжува студиите со поднесување на трошоците за студирање (кофинансирање).
Студент чие образование го финансира државата може иста академска година да ја повторува само еднаш. Ако во наредната академска година не го стекне правото за запишување на повисока година на студии, го губи статусот на студент чие образование го финансира државата, но има право повторно да ја запише истата академска година во статус на студент кој самостојно ги поднесува трошоците за студирање.
Во ова време не се смета времето на мирување на студентските обврски.
Редовните студенти во еден семестар запишуваат максимум до 35 ЕКТС-кредити.
На особено успешните студенти (со просечен успех од 8,5) може да им се дозволи запишување на 35 до 40 ЕКТС-кредити со цел побрзо завршување на студиите или пошироко образование.
Студентот стекнува право на запишување нареден семестар ако до рокот на запишувањето уредно ги извршил обврските од студиската програма и ги положил испитите од предметите утврдени со студиската програма.
При запишувањето на предметните програми, студентот најпрво ги запишува неположените задолжителни и изборни предмети од соодветниот (летен/зимски) семестар, а потоа задолжителните предмети од тековниот семестар и на крај, изборните предмети од тековниот семестар, но на тој начин што неговите вкупни студиски обврски во еден семестар да не го надминуваат бројот од 35 ЕКТС-кредити. Притоа, студентот мора да ги има положено предметите од зимскиот семестар за премин од зимски во зимски семестар, односно предметите од летен семестар за премин од летен во летен семестар, а да ги има ислушано предметите од зимски за премин од зимски во летен, односно да ги има ислушано предметите од летниот семестар за премин од летен во зимски.
Во зимскиот семестар се запишуваат предмети што се утврдени во студиските и предметните програми за зимскиот семестар. Во летниот семестар се запишуваат предмети што се утврдени во студиските и предметните програми за летниот семестар.
За запишувањето на предметите потребно е да се исполнат одредени услови утврдени со предметните програми.
При повторно запишување на неположен изборен предмет, студентот има право да го замени изборниот предмет со друг изборен предмет од предметите што се активирани во соодветниот семестар како изборни предмети.
Доколку во текот на студирањето дојде до промена на студиска програма, студентот што студирал според некоја од претходните програми и го нема завршено студирањето во роковите утврдени со тие програми, го продолжува студирањето согласно со условите за премин на нови програми.