ВАЖНО! Почитувани колеги, Секакви дилеми во врска со висината на уплатата за зимскиот, а натаму и за летниот семестар, можете да ја разрешите, кога во формуларот ке ги внесете кредитите на предметите, кој пат запишувате (бројка) и во горниот дел -дали сте редовен, вонреден или студент со кофинансирање (ќе го одберете од паѓачкото мени). Формулата е таква да Ви ја даде и вкупната сума што треба да ја уплатите (со внесови во сите редици). Од Координаторот на ИМ 27.09.2017
ВАЖНО! Почитувани колеги, Заради разните дезинформации што се слушнаа деновиве во врска со наставниот план на студиите по математика, Ве информирам дека единствени валидни информации во врска со:
студирањето (наставен план и програми)
со запишувањето семестри
се оние што се објавени на сајтот на Институтот за математика http://im-pmf.weebly.com/, на сајтот на Координаторот на ИМ (овој сајт) и на сајтот на ПМФ што го користи Студентската служба http://www.pmf.ukim.edu.mk/web/pages/news. За точни информации секогаш обраќајте се до службата за Студентски прашања.
20.09.2017 Од Координаторот на ИМ
Формулар
Уписот на зимскиот семестар за учебната 2017/2018 година ќе се одвива од 11.09.2017 до 22.09.2017 и тоа само прекуIKnow системот за студентите запишани по акредитацијата од 2012/2013 година, т.е. за сите студенти запишани од таа чебна година наваму. Студентите задолжително да се обратат до наставниците од кои имаат добиено оценка во индекс, а немаат оценка и потпис од соодветниот предмет во системот.
Формуларот е задолжителен само за студентите запишани во учебните 2010/2011 и 2011/2012 година, т.е. студентите коишто не се внесени во IKnow системот и за студентите што запишуваат празен семестар (со 2000 денари).
Формуларот се пополнува во електронска форма и ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се испраќа на [email protected] во следнава форма:
Subject: Презиме (празно место) име (празно место) број на индекс (На пример, Celakoska Vesna 23757)
Со формуларот задолжително се поднесува индекс! (Ова важи за студентите запишани во учебните 2010/2011 и 2011/2012 година)
Студентите го запишуваат предметот Дипломска работа по седмиот семестар. Значи, овој предмет може да се запише во седмиот, осмиот, деветтиот, десеттиот, ...., семестар.
Ве молам соодветно да ги пополните формуларите пред да ги испратите по електронска пошта (податоците за положените предмети мора да соодветствуваат на податоците во индексот!). Внесување лажни податоци за наводно положени предмети ќе биде санкционирано, а несоодветно пополнетите формулари ќе ви бидат вратени назад на поправка.
Ве молам при уписот да внимавате на кодовите (ќе ги најдете во Документи од паѓачкото мени на Добредојдовте): оние од насоките на математика почнуваат на М, од математика-информатика на МИ (по акредитација 2011/2012 и 2012/2013), а од математика-физика на МФ или ДФ. Несоодветно пополнетите формулари ќе бидат вратени на поправка. Документите со кодовите се однесуваат на акредитацијата од 2011/2012 за математика, на акредитацијата од 2011/2012 и 2012/2013 за групата математика-информатика и 2011/2012 за групата математика-физика. Кодовите за акредитацијата од 2012/2013 за групите математика и математика-физика се наоѓаат во предметните програми (објавени на интернет страницата на Институтот за математика во Настава под Прв циклус студии (види) под секоја од насоките). Студентите што се запишани по акредитациите од 2009 година, не треба да внесуваат кодови за предметите, а за упис на предметите треба да ги користат прирачниците од 2009, односно 2010 година, што ви се дадени на првиот школски час, но ги има и во библиотеката на ИМ. Студентите што преминале од една во друга акредитација, по признавањето на предметите, а во однос на решението, треба да ги одберат предметите од новата акредитација, а кај наставник да одберат „признаен".
ВАЖНО! Студентите кои се запишале првпат во учебната 2013/2014, 2014/2015, 2015/2016 или 2016/2017 година и презапишуваат еден предмет по трет пат или запишуваат семестар, а немаат положено барем 50% од запишаните кредити во семестарот кој го запишуваат, ако се во државна квота, го губат правото на државна квота и преминуваат на кофинансирање (приватна квота).
11ВАЖНО! Студентите се должни да ја посетуваат наставата за сите предмети што имаат намера да ги слушаат во летниот семестар од учебната 2016/2017 година (и задолжителни и изборни) почнувајќи од 01.02.2017 година, независно од тоа дали ги поднеле или дали им се готови ЕКТС формуларите за упис на семестарот, за да може предметниот професор да ги внесе во својата евиденција (за следење настава и полагање испити).
Од Координаторот на ИМ Поправено на 11.09.2017 год. Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова