КАКО СЕ СТУДИРА МАТЕМАТИКА
Модел на работа
Постојат три главни аспекти на универзитетското студирање:
(1) Предавања
(2) Вежби (аудиториски или лабораториски)
(3) Самостојно учење (читање книги, учење по предавањата, решавање задачи)
Секоја од овие активности има подеднаква важност.
А) Вкупното време поминато во учење треба да биде во согласност со вашиот статус на редовен студент. Ako добро го организирате времето за работа, ќе можете и да се дружите и да учествувате во се' што сакате да направите, а и успешно да студирате математика.
Б) Треба да влезете во редовен модел на работа што е можно поскоро. Треба да одите на сите предавања од сите курсеви (предмети). Ако не сте отишле на некое предавање или на некој час за вежби, најдете ги материјалите од некој ваш колега и сработете ги. (Не само да ги фотокопирате, туку фотокопираното да го препишете и на тој начин да научите нешто.)
В) Треба да најдете место за работа коешто ќе биде ослободоно од секакво одвлекување на вниманието.
Г) Посетувајте ја библиотеката и читалната на ИМ. Таа има голем фонд на книги и учебници, а читалната можете да ја користите за работа во паузите од неколку часа (ако ги имате во распоредот) за да заштедите време дома.
Д) Најдете колеги со коишто ќе можете да дискутирате за вашата работа.