акредитација 2012/2013
Главна цел на првиот циклус
студии по математика е да им овозможи на студентите да се стекнат со
проширени и продлабочени знаења од сите области на математиката, но и да
ги профилираат своите знаења на следните насоки:
МАТЕМАТИКА
Студиската програма на насоката наставна математика со своите наставни содржини и методи на настава на студентите им овозможува успешно да се вклучат во наставата по математика во средните и основните училишта,
во сите институции од образовниот систем на Република Македонија, како и
во владини и невладини институции, особено оние што се надлежни за
следење и развој на образовниот систем. Стручниот назив со кој се
стекнуваат дипломираните кадри на оваа насока е дипломиран професор по математика (Graduated Professor in Mathematics).
математичко програмирање
Студиската програма на насоката математичко програмирање со
своите наставни содржини и методи на настава на студентите им овозможува
стекнување широки знаења од областа на математиката со акцент на
содржини што непосредно се применуваат во техниката и високите
технологии. Со совладување на оваа програма студентите добиваат широки
познавања од математиката, математичкото моделирање и програмирање,
студентите се стекнуваат со способност за апстрактно и логичко мислење и
анализирање на проблемите, примена на знаењето при решавање на
практични проблеми. Студентите се оспособуваат за решавање
недетерминистички проблеми (со помош на теоријата на веројатност и
статистика), за решевање на детерминистички проблеми (со помош на методи
од оптимизација и операциони истражувања). Овие стручни лица имаат
можност за вработување во индустријата, во секторите за планирање и операционен менаџмент, секторите за моделирање и симулации, секторот за софтверски развој и подршка,
во јавни управи и агенции, во приватен сектор и на сите места каде што
има потреба од мултидициплинарна работа. Стручниот назив со кој се
стекнуваат дипломираните кадри на оваа насока е дипломиран инженер по математичко програмирање (Graduated Mathematician - Engineer in Mathematical Programming).
|
Теориска математика
Студиската програма на насоката теориска математика нуди
теоретска основа за усвојување на напредни и сложени математички теории,
висок степен на развој на апстрактното и логичкото мислење.
Дипломираните студенти можат да работат во високото, средното и основното образование,
во научните институции и во институции каде што е потребна примена на
математиката. Стручниот назив со кој се стекнуваат дипломираните кадри
на оваа насока е дипломиран математичар (Graduated Mathematician).
математичка економија
Студиската програма на насоката математичка економија со своите
наставни содржини и методи на настава на студентите им овозможува
стекнување широки знаења од областа на математиката со акцент на
содржини што непосредно се применуваат во областа на економските науки.
Целта на оваа студиска програма е формирање експерти способни да
решаваат сложени математички проблеми од областа на банкарскиот и
осигурителниот сектор, во берзантски и во брокерски активности, при
управување на пензиски и здравствени фондови, во јавни управи, агенции и др.
Со совладување на оваа програма студентите добиваат широки познавања од
математиката, основни познавања од информатиката, економијата и
финансиите. Студентите се стекнуваат со способност за апстрактно и
логичко мислење и анализирање на проблемите, примена на знаењето при
решавање на практични проблеми. Студентите се оспособуваат за решавање
недетерминистички проблеми (со помош на теоријата на веројатност и
статистика), за решевање на детерминистички проблеми (со помош на методи
од оптимизација и операциони истражувања). Овие стручни лица имаат
можност за вработување во банките, осигурителните компании, берзантските и брокерските фирми, пензиските и здравствените фондови, во јавни управи и агенции, во приватен сектор, како аналитичари, консултанти, истражувачи на пазарот. Стручниот назив со кој се стекнуваат дипломираните кадри на оваа насока е дипломиран математичар - инженер по математичка економија (Graduated Mathematician - Engineer in Mathematical Economy).
|
МАТЕМАТИКА-ФИЗИКА
Насоката математика-физика на дипломираните кадри им овозможува да се стекнат со звањето дипломиран професор по математика-физика, со што можат успешно да се вклучат во наставата по математика во основните училишта. Овие студии ќе дадат наставници, кои ќе изведуваат настава по математика и физика во основното образование, високо компетентно и современо. За таа цел, кај студентите ќе бидат развивани нивните креативни способности, способностите за критичко мислење, знаењата и вештините за изведување современа настава, базирана на истражувања и на решавање проблемски ситуации. Посебен акцент е даден на примената на ИКТ, како момент кој е актуелен и основа за технолошки современа настава. Со воведување нови методи во наставата, современи техники на поучување и учење, македонското образование по математика и физика ќе се приближи до светските текови во оваа област. Со воведување нови методи во наставата, современи техники на поучување и учење, македонското образование по математика и физика ќе се приближи до светските текови во оваа област.